СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Similar documents
Закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Член 1

Напредно програмирање

Напредно програмирање

ПРЕДМЕТ: Официјални правила на Наградната игра Запознај ја Европа од Рамстор мол. Член 1

КОДЕКС ЗА РАБОТА СО ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Објектно ориентирано програмирање

Објава за тендер. ПроКредит Банка АД Скопје ќе врши избор на најповолен понудувач за набавка на следната ИТ опрема: Nr. Requirement Specification Qty

Ценовник за отстапување на движна ствар на трети лица

Напредно програмирање

МЕТОДОЛОГИЈА НА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКАТА РАБОТА ПРЕБАРУВАЧИ. Марина Стефова Зоран Здравковски

ФУНДАМЕНТАЛНИ КОНВЕНЦИИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ

Напредно програмирање

1.3.1 Xylometazoline + Dexpanthenol SPC, Labeling and Package Leaflet MK

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА Taxi Tea Bitola

МЕЃУНАРОДНИ ВЕСТИ 24/7 НА АНГЛИСКИ, ФРАНЦУСКИ И АРАПСКИ

Планирајте однапред за вашите идни правни, здравствени и финансиски одлуки

Како да започнам со користење на сертификат издаден на. Gemalto Java PKI токен? How to start using a certificate issued on a Gemalto Java PKI token?

Објектно ориентирано програмирање

Објава за тендер. ПроКредит Банка АД Скопје Тендер за набавка на безбеднoсни системи за заштита Назив на тендер:

ПРИДОНЕСИ ЗА ПОДОБАР ПРЕВОД [CISG]

Истражување на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Македонија

Полиса за приватност. Опсег. Видови податоци и методи на собирање податоци

Правила на наградна игра

Упатство за конфигурација на прелистувачи,предупредувања и пораки при поднесување во електронските системи на Централен Регистар

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС Година: I Паралелки: 1,2,5,6,7,8 Предметен наставник: Костадинов Ванчо Датум: Наставна тема: Хардвер

Support System. Упатство за клиенти. Автор. Некстсенс Партизански одреди 62, Скопје Македонија

Напредно програмирање

Објектно ориентирано програмирање

НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕЗАТА (ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ)

ПОДГОТОВКА ЗА НАСТАВЕН ЧАС Година: I Паралелки: 1,6,7,8 Предметен наставник: Костадинов Ванчо Датум: Наставна тема: Софтвер

ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД НА УПОТРЕБАТА И ДЕФИНИРАЊЕТО НА ПОИМИТЕ ИНПУТ И ИНТЕЈК ВО МЕТОДИКАТА НА НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК

Објектно ориентирано програмирање

СЕКУНДАРНИ ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Информации за безбедноста и производот. BlackBerry Pearl 8220 Smartphone

Објектно ориентирано програмирање

КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА КАЗНЕНАТА ИНКРИМИНАЦИЈА НА ИМОТНИТЕ КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕКОИ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Хардверски потпомогната виртуелизација на компјутерски системи

ВИСТИНСКОТО ЗНАЧЕЊЕ НА ИЗРАЗОТ КХАТАМАН - НАБИЈЈЕЕН

МЕТОДОЛОШКИ ОБЈАСНУВАЊА Статистика на каматните стапки

P E U G E OT S U V

ФАКТИ И БРОЈКИ ЗА РАКОТ ВО САД, 2016 ГОДИНА

Објава на тендер. ПроКредит Банка АД Скопје Тендер за набавка на Storage-и, Type Library и SAN Назив на тендер:

2010 Меѓународна Организација за Миграции (ИОМ)

ДАЛИ НЕКОГАШ СТЕ ПОЧУСТВУВАЛЕ АПСОЛУТЕН КОМФОР? THE NAME OF COMFORT SINCE 1959

Structured programming

КАЗНЕНОТО ДЕЛО ДАВАЊЕ ЛАЖЕН ИСКАЗ ВО КОНТИНЕНТАЛНОТО И ПРЕЦЕДЕНТНОТО ПРАВО

ИНТЕРНЕТ ТЕХНОЛОГИИ МУЛТИМЕДИЈА

Што е анксиозно растројство?

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ознаки и конвенции користени во документацијата 1 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВНИМАНИЕ ВАЖНО БЕЛЕШКА

Ценовник на DELL лаптоп компјутери Август 2009

KnowledgePulse за Windows Водич за брз почеток

Здружение на граѓани за акција против насилиство и трговија со луѓе Отворена Порта/Ла Страда. Состанок на партнерите.

Мариа Келер-Хамела. Одам на суд

Сигурносни препораки на Интернет банката на Комерцијална банка АД Скопје за спречување на измами со злоупотреба на идентитет

ПЕТТО СОВЕТУВАЊЕ. Охрид, 7 9 октомври 2007

Клучни зборови: Интернет, Фејсбук, компјутерски посредувана комуникација, нови зборови.

НАЧИНИ НА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ГОВОРНИОТ ЧИН БАРАЊЕ ВО ЈАЗИЧНИОТ ПАР ГЕРМАНСКИ - МАКЕДОНСКИ

Напредно програмирање

ЗАКОН О ИЗМЕНАМА И ДОПУНАМА ЗАКОНА О ПОРЕСКОМ ПОСТУПКУ И ПОРЕСКОЈ АДМИНИСТРАЦИЈИ

БЕЗЖИЧЕН ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ СО ПОМОШ НА

д-р Трајче Нацев Универзитет ГоцеДелчев -Штип д-р Драган Веселинов Универзитет ГоцеДелчев -Штип

Напредно програмирање

КОГА ЌЕ ДОЖИВЕЕТЕ. МОЗОЧЕН УлАР КРАТОК ВОДИЧ ЗА ЛУЃЕТО КОИ ИМАЛЕ МОЗОЧЕН УДАР

REINO DE ESPAÑA. I.2 Број на Сертификат /Certificate reference number / Número de referencia del certificado:

Објектно ориентирано програмирање

Комитет за надреалистичко истражување на тврдењата за нормалното. Роберт Антон Вилсон

IEC ПРОШИРУВАЊЕ КОН ИНТЕРНЕТ - НА ПОСТОЈНИТЕ КОМУНИКАЦИСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕЛЕКТРО-ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ

НАРОДНА БАНКА СРБИЈЕ Датум ажурирања: 22. август Сектор за послове с готовином

Republika Makedonija J.Z.U. Centar za javno zdravje-skopje

З А К О Н О ИЗМЕНАМА И ДОПУНАМА ЗАКОНА О ПОРЕЗУ НА ДОБИТ ПРАВНИХ ЛИЦА

Радио R 4.0 IntelliLink Најчесто поставувани прашања

WINDOWS PHONE STYLE GUIDE FOR MACEDONIAN. Contents Microsoft Corporation. All rights reserved.

Програмирање 2. Групно спремање питалице

НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МОНИТОРИНГОТ НА

ДА ЛИ ЈЕ КРИ ВИЧ НО ДЕ ЛО УВЕК Н А Ј Т Е Ж Е К А ЗН Е НО Д Е ЛО? * (II ДЕО)

ШКОЛСКА СПРЕМА, ПИСМЕНОСТ И КОМПЈУТЕРСКА ПИСМЕНОСТ

Фудбалот против хомофобијата

МО ЖЕ ЛИ ТУ РИ ЗАМ ДА РАЗ ВИ ЈЕ Д РА ГА Ч ЕВ СК А СЕ Л А?

редовен број на списанието и кои се прифатени за објавување според исти рецензентски

БРАН КО БАЉ, ро ђен у Ли па ру код Ку ле. Фи ло зоф, пи ше

ГОДИШЕН ЗБОРНИК 163 ЦЕРЕБРАЛНО ВИЗУЕЛНО ОШТЕТУВАЊЕ: КАРАКТЕРИСТИКИ И СТРАТЕГИИ

УНИВЕРЗИТЕТ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ. ВОСПИТАНИЕ списание за образовна теорија и практика

ОЉА ВА СИ ЛЕ ВА, ро ђе на у Бе о гра ду. Про у ча ва срп ску поези ју

ГОБЛИНИ сенке. Превела Гордана Суботић

О Д Л У К У о закључењу оквирног споразума

NECTAR. ThТs work has bооn submтttоd to NECTAR, thо Northampton Electronic Collection of Theses and Research. Conference or Workshop Item

СР ЂА Н ВИД РИ Ћ, рођен у Зрења н и н у. П и ше есе је и к њи жев н у к ри т и к у, о б ја в љу је у пе ри о д и ц и.

«, 68, 55, 23. (, -, ).,,.,,. (workcamps).,. :.. 2

СОФИЙСКИ УНИВЕРСИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ФАКУЛТЕТ ПО МАТЕМАТИКА И ИНФОРМАТИКА. семестър: летен. Разределени системи и мобилни технологии

З А К О Н О ИЗМЕНАМА И ДОПУНАМА ЗАКОНА О РАДУ

РАНО ПОЈАВЕНА ГРУПА Б СТРЕПТОКОКНА БОЛЕСТ (РПГБСБ)

ФАК ТО РИ ПРО МЕ НА НА ТР ЖИ ШТУ РА Д Н Е СН А Г Е СР БИ Ј Е 1

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

БУФАЛО ПРЕ ДОРУЧКА Ме ри По уп Озборн Илу стро вао Сал Мер до ка

41 ГОДИНА ГРАЂЕВИНСКОГ ФАКУЛТЕТА СУБОТИЦА

З А К О Н О ИЗМЕНАМА И ДОПУНАМА ЗАКОНА О ПОРЕСКОМ ПОСТУПКУ И ПОРЕСКОЈ АДМИНИСТРАЦИЈИ

ЕДУКАТИВНИ ЧЛАНАК / EDUCATION ARTICLE UDC:

КОН ФЕ СОР НА ТУ ЖБА ЗА ЗА ШТИ ТУ СТ ВА Р Н И Х СЛ У Ж БЕ НО СТ И *

По свим показатељима старости становништво западно-бачког округа је СТАРО (Табела 1).

Transcription:

20140270935 СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Република Македонија издаваат У К А З ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 3 февруари 2014 година. Бр. 07-665/1 Претседател 3 февруари 2014 година на Република Македонија, Скопје Ѓорге Иванов, с.р. Претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, с.р. ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛЕКОВИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ ПОМАГАЛА Член 1 Во Законот за лековите и медицинските помагала ( Службен весник на Република Македонија број 106/2007, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13 и 164/13), во членот 13 став 1 алинејата 2 се менува и гласи: - што се издава и/или се продава, без рецепт ( over the counter OTC) и. Во ставот 2 по зборот издава се додаваат зборовите: или продава. Во ставовите 3 и 4 по зборот издавање се додаваат зборовите: или продавање. По ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи: Лекот за кој е издадено одобрение за ставање на лек во промет каде што лекот е класифициран како категорија што се издава во аптека без рецепт, може да се класифицира и како категорија што се продава без рецепт, врз основа на решение на Агенцијата. Член 2 Во членот 73 по ставот 6 се додаваат два нови става 7 и 8, кои гласат: Правно лице кое врши промет на големо со лекови и правно лице кое врши промет на мало со лекови не смеат да бидат капитално, управувачки или роднински поврзани. Како роднинска поврзаност во смисла на ставот 7 на овој член се смета доколку лицата кои се основачи, односно содружници на правното лице кое врши промет на големо со лекови и правното лице кое врши промет на мало со лекови се брачен другар, татко, мајка, брат, сестра, син, ќерка, посвоеник или посвоител. 1 од 5

Член 3 Во членот 74 по ставот 1 се додаваат три нови става 2, 3 и 4, кои гласат: Правно лице кое е регистрирано и врши промет на големо и промет на мало со храна, пијалаци и тутун и/или е регистрирано и врши трговија на мало со нафтени деривати на бензински станици според Законот за трговските друштва може да врши промет на големо и со лекови што се продаваат без рецепт. Правното лице од ставот 2 на овој член треба да ги исполнува условите од ставот 1 алинеи 1, 4 и 5 на овој член и да има ангажирано лице со високо образование од областа на фармацијата кое ќе биде постојано на располагање и ќе биде одговорно за прием, складирање, транспорт, дистрибуција и испорака на лековите, како и заради надзор на документацијата од страна на Агенцијата со која се обезбедува следливост на лековите. Правното лице од ставот 2 на овој член врши продажба на мало на лековите што се продаваат без рецепт само во сопствени продавници, во кои се врши и трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и/или сопствени продавници во кои се врши трговија на мало со нафтени деривати на бензински станици. Член 4 Во членот 80-б по ставот 3 се додаваат три нови става 4, 5 и 6, кои гласат: Правното лице кое врши промет на големо и промет на мало со лекови што се продаваат без рецепт исклучиво за сопствени потреби може да вршат паралелен увоз на лекови што се продаваат без рецепт. Правното лице од ставот 4 на овој член не смее да врши промет на лековите увезени согласно со ставот 4 на овој член, со други правни лица. Одредбите од членовите 80-а и 80-в од овој закон кои се однесуваат на постапката за паралелен увоз од здравствена установа соодветно се применуваат и на постапката за паралелен увоз од правното лице од ставот 4 на овој член. Член 5 Во членот 81 по ставот 3 се додаваат два нови става 4 и 5, кои гласат: Основач на аптека може да биде само лице со завршено високо образование од областа на фармацијата или трговско друштво во форма на трговец поединец, ДОО или ДООЕЛ чиј основач, односно основачи се исклучиво лица со завршено високо образование од областа на фармацијата. Основач на аптека, односно веледрогерија не може да биде вработен во Министерството за здравство, директорот на Агенцијата или лице вработено во Агенцијата или директорите или лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, или лице кое е брачен другар, татко, мајка, брат, сестра, син, ќерка, посвоеник или посвоител на вработен во Министерството за здравство, директорот на Агенцијата или лице вработено во Агенцијата, или директорите или лице вработено во Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ставот 4 станува став 6. По ставот 5 кој станува став 7 се додаваат три нови става 8, 9 и 10, кои гласат: За населените места во кои густината на населението е помало од 4.500 жители на километар квадратен, одобрението од ставот 6 на овој член може да се издаде само ако оддалеченоста од една до друга аптека изнесува најмалку 100 метри воздушно растојание. По исклучок од ставот 1 на овој член за населени места со повеќе од 30.000 жители, промет на мало со лекови што се продаваат без рецепт се врши во продавница со површина од најмалку 100 м2 и опремена со посебни полици за лекови, во која се врши и 2 од 5

трговија на мало со храна, пијалаци и тутун или во продавница со површина од најмалку 30 м2 и опремена со посебни полици за лекови, во која се врши трговија на мало со нафтени деривати на бензински станици. За населени места со помалку од 30.000 жители, промет на мало со лекови што се продаваат без рецепт се врши во продавница со површина од најмалку 50 м2 и опремена со посебни полици за лекови, во која се врши и трговија на мало со храна, пијалаци и тутун или во продавница со површина од најмалку 25 м2 и опремена со посебни полици за лекови, во која се врши трговија на мало со нафтени деривати на бензински станици. Одобрение за промет на мало со лекови што се продаваат без рецепт во продавница или на бензинска станица од ставот 9 на овој член издава министерот за здравство во согласност со овој закон и Законот за трговските друштва. Член 6 По членот 81 се додаваат два нови члена 81-а и 81-б, кои гласат: Член 81-а Правното лице кое врши промет на мало со лекови - аптека кое има две или повеќе организациони единици аптеки во негов состав на подрачјето на иста општина е обврзано на секои две организациони единици аптеки во негов состав да отвори и организациона единица - аптека или аптекарска станица во населено место во рурална средина. Правното лице кое врши промет на мало со лекови - аптека кое нема две или повеќе организациони единици аптеки во негов состав на подрачјето на иста општина и има повеќе од пет или повеќе организациони единици аптеки на територијата на Република Македонија е должно на секои пет организациони единици аптеки на територијата на Република Македонија, да отвори и една аптека или аптекарска станица во населено место во рурална средина. Министерот за здравство согласно со потребите утврдени во мрежата на здравствени установи, бројот на жителите во населените места, оддалеченоста и достапноста на населените места определува во кое населено место и во кој рок треба да бидат отворени аптеките или аптекарските станици од ставовите 1 и 2 на овој член. На правното лице кое врши промет на мало со лекови во аптеки кое нема да отвори аптека или аптекарска станица согласно со ставот 3 на овој член, министерот за здравство му ги одзема дозволите за работа за сите аптеки или аптекарски станици, освен на една аптека. Член 81-б Правното лице кое врши промет на мало со лекови - аптека е должно да обезбеди работа во најмалку две смени, а во општина со над 30.000 жители и во трета смена. Распоредот на аптеките кои ќе работат во трета смена го утврдува министерот за здравство. По исклучок од ставот 1 на овој член заради обезбедување на непрекинато снабдување со лекови на населението во општина со над 30.000 жители, на правното лице кое врши промет на мало со лекови во аптека, согласно со прописите за здравствената заштита, може да му се издаде лиценца за вршење на дејност аптека со 24 часовна работа. Член 7 Членот 88 се менува и гласи: Здравствените работници кои доаѓаат во контакт со пациентот, производителите на лекови, носителите на одобрение и веледрогериите се должни да ја известат Агенцијата и правното лице од членот 87 став 2 од овој закон за: 3 од 5

- несакани реакции или несакани настани од употребата на лекот, во рок од 30 дена од денот на добивањето на информацијата и - сериозни несакани реакции или несакани настани од употреба на лекот, во рок од 15 дена од денот на добивањето на информацијата, а за сериозни несакани реакции или настани со смртен исход, веднаш без одлагање или најдоцна во рок од 24 часа по добивањето на информацијата, писмено или телефонски. Член 8 Во членот 89 став 1 зборот веднаш се заменува со зборовите: во рок од 15 дена од денот на добивањето на информацијата. Во ставот 2 зборовите: на секои шест месеци во периодот од првите две години по добивањето на одобрението за ставање во промет, еднаш годишно во наредните три години и еднаш на секои три години се бришат. Член 9 По членот 89 се додава нов член 89-а, кој гласи: Член 89-а Пациентите корисници на лекот во случај на сомневање на несакана реакција од употребата на лекот може и директно да ја известат Агенцијата или носителите на одобренијата. Во случај на сомневање на несакана реакција од употребата на лекот кај работно неспособни лица, лица со тешки нарушувања на менталното здравје или малолетни лица, известувањето го врши родителот, старателот или законскиот застапник. Член 10 Во членот 90 по зборот реакции се става запирка и се додаваат зборовите: временските периоди во кои се поднесуваат извештаите за безбедноста на лекот. Член 11 Во Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала ( Службен весник на Република Македонија број 88/10) во членот 13 годината 2017 се заменува со датата 1 јануари 2016 година. Член 12 Одредбата од членот 2 од овој закон со која се додава нов став 7 ќе започне да се применува од 1 септември 2014 година. На правните лица кои нема да ја усогласат структурата на основачите, односно содружниците согласно со одредбата од членот 73 став 7 од овој закон, престанува да важи одобрението за промет на големо со лекови, односно одобрението за промет на мало со лекови. Член 13 Одредбата од членот 5 од овој закон со која се додаваат два нови става 4 и 5 ќе започне да се применува од 1 септември 2014 година. На аптеката која нема да ја усогласи структурата на основачите согласно со одредбата од членот 81 ставови 4 и 5 од овој закон, престанува да важи одобрението за промет на големо со лекови, односно одобрението за промет на мало со лекови. 4 од 5

Член 14 Одредбата од членот 6 од овој закон ќе започне да се применува од 1 септември 2014 година. Член 15 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. 5 од 5